ПочетнаИНТЕРЕСНОДресот на Ван Перси најпродаван во Англија

Дресот на Ван Перси најпродаван во Англија

van persi

Најдобриот стрелец на Премиер лигата за минатата сезона, Робин ван Перси победи и во натпреварувањето за најпродаван премиерлигашки дрес.

Преминувањето на Ван Перси во Јунајтед го доведе до првото место на таа листа, а неговиот удел на британскиот пазар изнесува шокантни 25 проценти.

Втората и третата позиција ја заземаа неговите клубски колеги, а меѓу најдобрите десет го нема Герет Бејл кој е најбараниот фудбалер во овој преоден рок.

Јапонското засилување на Јунајтед, Шинџи Кагава се проби на третото место, а на второто се најде можеби и последниот дрес на Руни со црвена боја. Руни падна од првото место и загуби добар дел од фановите, а доаѓањето на Ван Перси значително го ослаби учинокот на другите офанзивни фудбалери, па повеќе во првите десет ги нема Чичарито и Гигс.

Фернандо Торес успеа да влезе во топ 5, веднаш зад човекот кој ја одлучи претходната сезона, Кун Агуеро.

И покрај недоразбирањата со клубот и втората суспензија, Луис Суарес се најде во првите десет, а во финишот од сезоната од листата испадна Стивен Џерард, кој на домашниот пазар беше меѓу првите пет.

Најголемо изненадување е пласманот на Алекс Окслејд-Чемберлен кој е девети. Во првите десет уште се и двете засилувања од минатото лето Еден Азар и Санти Казорла. Лукас Подолски во првиот дел од сезоната водеше меѓу играчите на Арсенал, но во втората половина испадна од трката, веројатно поради тоа што се почесто беше на клупата.