25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕ8 примени на јаболковиот оцет за кои не сте знаеле

8 примени на јаболковиот оцет за кои не сте знаеле

И врапчињата на гранка знаат колку јаболковиот оцет е здрав, но за ваквите начини на неговата примена сигурно не сте знаеле…

Јаболковиот оцет можете да го користите за да ги решите и следниве проблеми:

1. Габичките на стапалата или прстите кои предизвикуваат непријатност, болка и осип меѓу прстите. Јаболковиот оцет ќе ве ослободи од болката и ќе ги излекува габичките во рок од еден месец. Се што треба да направите е стапалата да ги потопувате во купка од јаболков оцет секој ден на половина час.

2. Изгореници од сонце. Јаболковиот оцет е познат по своето анти-воспалителното својство. Само се додава една чаша јаболков оцет во кадата во која сте ја подготвиле купката и ќе се опуштите во неа барем пет минути со цел да ја хидрирате и смирите кожата.

3. Бактериски инфекции. Тие доведуваат до проблеми со стомакот кои можете да ги решите со оцетот. Додадете мала количина во чаша вода или некој друг напиток и пијте во мали количини.

4. Ако сакате да загубите некој килограм, јаболковиот оцет ќе ви помогне во намалувањето на гладта. Додадете една лажица јаболков оцет во чашата топла вода и пијте го ова наутро на празен стомак.

5. За грчеви во мускулите, во чаша топла вода додадете две лажици оцет и лажица мед.

6. Ако ве мачи икањето, само испијте една лажица оцет.

7. За бујна и сјајна коса, направете смеса од една чаша вода и две лажици јаболков оцет и со тоа исплакнете ја косата при секое миење.

8. За дезинфекција на домот без агресивни хемиски средства, помешајте иста количина на вода и оцет и со тоа пребришете го домот.

Покрај сето тоа, јаболковиот оцет помага и во следниве ситуации:

– Како лек и превентива за настинки, грип и болно грло

– Ги отстранува токсините од телото

– Помага при главоболка

– Ги отстранува непријатните телесни мириси

– Помага во контролата на дијабетес

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП