ЗДРАВЈЕ

Има лек: Како да се ослободите од целулитот?

Постојат жени кои навистина немаат целулит. За тоа делумно се заслужни гените, останатото е веќе работа на здравите навики.

Еве без што е незамисливо да ја започнете приказната за ослободување од проблемот со целулитот.

1. Квалитетна храна

Сведоци сме дека дури и слабите жени имаат целулит, па така јасно е дека за решавање на оваа напаст не е доволно само да го отстраните вишокот килограми.

За посакуваните резултати потребно е да се завртите кон намирниците кои докажано го намалуваат целулитот: протеини од месото, риба, јајца и јаткасти плодови, здравите масти како авокадо и маслинки, овошје и зеленчук, од кои секако најдобри се доматите, спанаќот и грејпфрутот.

2. Внесувајте повеќе течности

Формулата е едноставна: колку повеќе пиете, толку повеќе ќе губите од наталожената вода и ќе го забрзате метаболизмот.

3. Вежбање

Дајте им на мускулите шанса да ги заменат масните наслаги и целулитот.

4. Масажа

Не се грижете, не е неопходно за помош да им се обратите на професионалните масери. Доволно е сами да ги масирате критичните точки со обично масло, лонсион или крема.

Важно е само да бидете упорни и да не ја прескокнувате масажата.

5. Домашен пилинг

Од пилингот кожата ќе ви изгледа убаво, бидејќи ќе постигнете подобра микроциркулација од која со тек на време ќе го забрзате отстранувањето на целулитот.