25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Lufthansa“ објави помала загуба од очекуваната на крајот на 2020-та

„Lufthansa“ објави помала загуба од очекуваната на крајот на 2020-та

Германската авиокомпанија „Lufthansa“ денеска објави помала од очекуваната нето загуба во четвртиот квартал и предвидува помала загуба во работењето во 2021-ва година, отколку во 2020-та година, пренесува „Reuters“.

Компанијата објави нето загуба од 1,14 милијарди евра за периодот од октомври до декември. Аналитичарите анкетирани од „Reuters“ очекуваа 1,24 милијарди евра.

Финансискиот резултат на авиокомпанијата пред каматата и даноците е загуба од 1,29 милијарди евра, што е исто така помалку од очекуваното.

Годишната загуба на превозникот достигнува 6,7 милијарди евра. Во својот извештај, тој рече дека не предвидува раст на приходите пред крајот на оваа година поради коронавирусот и постојаните ограничувања на патувањето.

„Lufthansa“ минатата година обезбеди 9 милијарди евра државна помош, потсетува новинската агенција. Компанијата очекува капацитетот во 2021-ва година да достигне 40-50% од тој во 2019-та година, како и просечен месечен одлив на оперативната готовина од околу 300 милиони евра во првиот квартал од оваа година.

Во меѓувреме, стана јасно дека Стефан Штурм поднесе оставка од надзорниот одбор на „Lufthansa“. Тој ќе се повлече од функцијата по завршувањето на годишното генерално собрание закажано за 4-ти мај 2021-ва година. Надзорниот одбор ја номинира Брита Сигер за негов наследник – економист, моментално член на одборот на „Daimler AG“ од 2017-та година, кој е одговорен за продажба на автомобилите „Mercedes-Benz“.

Штурм е претседател на извршниот одбор на „Fresenius“ и член на надзорниот одбор на „Lufthansa“ од април 2015-та година, како и претседател на одборот за ревизија на авиокомпанијата од јануари 2018-та година. Одговорноста како претседател на ревизорскиот одбор ќе биде пренесена на Харалд Кругер.

Во исто време, договорот на Детлеф Кајзер беше продолжен за уште 3 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП