25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИФершпед АД Скопје за 2020 година оствари добивка од 67,5 милиони денари

Фершпед АД Скопје за 2020 година оствари добивка од 67,5 милиони денари

Фершпед АД Скопје за периодот Јануари-Декември 2020 година оствари оперативна добивка во износ од 67.453 илјади денари  искажана во неревидираниот  Биланс на успех.

Вкупни приходи

Остварените вкупни приходи во периодот Јануари-Декември 2020 година изнесуваат 3.336.159 илјади денари и во споредба со остварените вкупни приходи во 2019 година бележат намалување  од 11 %. Оперативните приходи во износ 3.324.785 илјади денари учествуваат со 99,7 % во вкупните приходи и истите бележат пад од 11 % во споредба со оперативните приходи во 2019 година.

Финансиските приходи  учествуваат со 0,3 % во вкупните приходи и истите бележат намалување.

Вкупни расходи

Вкупните расходи во износ од 3.259.542 илјади денари бележат пад од 10 % во однос на вкупните расходи  во 2019 година. Оперативните расходи во износ 3.257.332 илјади денари бележат пад од 10 % во однос на 2019 година. Најголемо учество во оперативните расходи со 84 % имаат расходите за услуги со карактер на материјални трошоци во износ од 2.752.223 илјади денари.

Финансиските расходи бележат значително намалување во однос на истите од претходната година.

Фершпед АД Скопје за периодот Јануари-Декември 2020 година оствари позитивен финансиски резултат  искажан во  неревидираниот Биланс на успех во износ од  68.146 илјади денари.

Дивиденди

На Годишното собрание на акционери одржано на 23.06.2020 година одобрена е пресметка и исплата на бруто дивиденда  од акумулирана нераспределена оданочена добивка на друштвото од минати години во бруто износ од 8.966.650 денари, односно 550 денари бруто за една акција.

Обврски по кредити

Вкупните обврски по кредити на 31.12.2020 година изнесуваат  47.103 илјади денари и истите се намалени за 38.061 илјади денари или за 45% во споредба со состојбата на 31.12.2019 година и претставуваат  2 % од капиталот и резервите.

Исполнување на планот и очекувања во претстојниот период

Во услови на пандемијата со COVID-19 и Одлуките на Владата за привремено затварање на сите угостителски објекти, што предизвика откажување на сите аранжмани, директно се одрази на резултатите од работењето на Друштвото , а особено во работењето на хотелско-угостителската дејност. Друштвото ги презеде сите неопходни мерки за неутрализирање на негативните ефекти од ковид кризата, со што што работењето и резултатите се одвиваа  во рамките  на планираните активности.

Раководството ќе продолжи континуирано да ја следи состојбата при што врвен приоритет останува одржување на тековна ликвидност и финансиска стабилност.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП