26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНајдобрите чаеви за слабеење

Најдобрите чаеви за слабеење

Чаевите се богати со антиоксиданти, полифеноли и останати здрави состојки, па затоа се најдобар избор кога сакате да бидете на диета. Неколку шољи чај дневно ќе направат чудо за вашата линија.

Зелен чај

Високиот удел на антиоксиданти го прави зелениот чај еден од најздравите напитоци, а EGCG катехин влијае директно на метаболизмот. Освен тоа, зелениот чај содржи и кофеин кој исто така го забрзува согорувањето на мастите. Се препорачуваат три до пет шољи дневно, но внимавајте да не испиете повеќе од 12 за да не дојде до труење.

Бел чај

Белиот чај има повеќе катехин и помалку кофеин од зелениот чај, па тој е уште еден добар избор за слабеење. Нормално, доколку не го намалите внесот на калории ниту еден чај нема да направи голема разлика, но секако дека ќе ви помогне при согорувањето на масните наслаги и ќе спречи наталожување на нови.

Чај од боровница

Овој чај природно го намалува апетитот и го стабилизира нивото на шеќер во крвта. Неколку шољи чај од боровинки дневно ќе ви помогнат да јадете помалку и да го регулирате варењето на храната.

Чај од хибискус

Чајот од хибискус е природен диуретик, го намалува нивото на холестерол и се бори против високиот крвен притисок. Овој чај спречува наталожување на масни наслаги, но при изборот на чај внимавајте да го купите оној без додаток на шеќери.

Нане

Доколку ве мачи надуеноста, пијте чај од нане. Тој ќе ви помогне и при согорувањето на мастите, а добар е и за намалување на апетитот.

Чај од ружа

Чајот од ружа е богат со витамини, антиоксиданти и полифеноли, а помага и при менструални грчеви и слабеење. Го чисти телото и ги ублажува симптомите на стрес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП