8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИШто го преполови профитот на „Erste Group“ во 2020-та

Што го преполови профитот на „Erste Group“ во 2020-та

Австриската банка „Erste Group“ привремено објави дека скоро половина од нето добивката во 2020-та година и пониски приходи e поради повисоките резервaции за ризици на сите поголеми пазари во времето на пандемијата на коронавирусот.

Нето добивката на „Erste Group“ лани падна за 47 проценти, на 783,1 милиони евра. Оперативните приходи паднале за 1,4 проценти, на 7,16 милијарди евра.

Нето приходот од камата беше речиси непроменет од претходната година и изнесувал 4,77 милијарди евра. Нето приходите од провизии и надоместоци паднале за 1,2 проценти, на две милијарди евра.

Отписот на финансиски инструменти, кој вклучува резервации за ризици, изнесува 1,3 милијарди евра како резултат на влошената макроекономска перспектива поврзана со Ковид-19. Во 2019-та година, таа изнесува 39,2 милиони евра.

Соодносот на адекватност на капиталот бил 14,2 проценти на крајот на минатата година и е за половина процентен поен повисок отколку на крајот на 2019-та година.

Закрепнувањето на економиите во Источна Европа и матичната Австрија, намалените трошоци за ризик и подобрените деловни резултати треба да и помогнат на „Erste“ да оствари повисоки нето-профити во оваа година, се вели во соопштението.

Банката годинава очекува да забележи раст на кредитите од два до пет проценти, така што нето приходот од камата треба да остане непроменет и покрај негативните каматни стапки во еврозоната. Нето приходите од провизии и надоместоци треба да се зголемат за два до три проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП