28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКои песни го намалуваат нивото на стрес и анксиозност

Кои песни го намалуваат нивото на стрес и анксиозност

Кога работите ќе станат стресни на работното место, во училиште или пак во приватниот живот, најчесто посегнуваме по најразлични техники за смирување и намалување на стресот. Еден научно-потврден начин е слушањето на музика, но не било која.

Научниците направија листа од 10 песни кои најмногу релаксираат и што е најважно им помагаат на пациентите со анксиозност.

Звучните терапии се долго популарни како начин на релаксирање и подобрување на здравствената состојба. Невронаучниците откриваат кои песни се најефективни за смирување врз основа на студијата спроведена на учесници кои решавале тешки загатки во краток период, додека биле поврзани на сензори.

Задачите предизвикувале одредено ниво на стрес, а учесниците слушале различни песни додека истражувачите им ја мереле активноста на мозокот како и физиолошката состојба како отчукувањата на срцето, притисокот и дишењето.

Една песна исклучително поволно влијаела на учесниците, а тоа е „Weightless“ која со неверојатни 65 проценти ја намалувала анксиозноста и со 35 проценти ги смирувала наведените физиолошки состојби.

Песната всушност е создадена за таа намена, од група музичари и терапевти. Слушајте ја постојано кога сте под стрес, доколку страдате од анксиозност и слични пореметувања, во прилог следува видеото од оваа песна и листата со останатите 9 песни кои исто така ги смируваат ваквите состојби.

1. Weightless

2. Electra, Airstream

3. Mellomaniac (Chill Out Mix), DJ Shah

4. Watermark, Enya

5. Strawberry Swing, Coldplay

6. Please Don’t Go, Barcelona

7. Pure Shores, All Saints

8. Someone Like You, Adele

9. Canzonetta Sull’aria, Mozart

10. We Can Fly, Rue du Soleil (Cafe Del Mar)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП