27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„AB InBev“ очекува поголем профит за 2021-ва година

„AB InBev“ очекува поголем профит за 2021-ва година

„Anheuser-Busch InBev“ предвидува „значително“ подобар профит за 2021-ва година, откако Бразил и Мексико и помогнаа на најголемата пиварница во светот да објави поголем профит на крајот на 2020-та година, пишува „CNBC“.

Производителот на „Budweiser“, „Stella Artois“ и „Corona“ очекува потрошувачката да порасне и цените да растат како што земјите излегуваат од пандемијата на коронавирусот, и покрај повисоките трошоци за суровини и пренасочувањето на пандемијата кон поголема потрошувачка во домот.

Компанијата со седиште во Белгија соопшти дека профитот пред каматата, даноците и амортизацијата паднал за 2,4% до 5,07 милијарди долари во четвртиот квартал, над просечната прогноза од 4,80 милијарди долари, покажува истражувањето спроведено од компанијата.

Општо, маргините се намалија како резултат на промената од поевтините буриња за повеќекратна употреба и стаклените шишиња што може да се вратат, што ги користат баровите и рестораните, кон поскапи шишиња за еднократна употреба за домашна потрошувачка.

Во четвртиот квартал во Бразил, вториот по големина пазар на „AB InBev“, компанијата продаде 11,9 проценти повеќе пиво во споредба со истиот период од претходната година, откако скоро третина од населението имаше корист од владините плаќања за „ваучери за коронавирусот“.

Во Мексико, „AB InBev“ доби удел на пазарот од својот конкурент „Heineken“ откако брендот стана достапен во големиот ланец продавници „OXXO“. Продажбата скокна по двомесечното прекинување на производството од страна на пиварниците наметната од владата.

Во Европа, Блискиот исток и Африка, продажбата на пиво падна за 6% поради блокадите, иако „AB InBev“ рече дека го зголемила својот удел на пазарот во Франција, Германија и Холандија.

Во Јужна Африка, профитот благо порасна, иако компанијата предупреди дека третата национална забрана за алкохол, која траеше цел месец од 29-ти декември, ќе влијае на резултатите за првиот квартал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП