27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЛегендарниот американски „Colt“ стана… чешки

Легендарниот американски „Colt“ стана… чешки

Легендарниот американски производител на оружје „Colt“ преминува во чешки раце. Производителот на оружје „Ceska Zbrojovka Group“ (CZG) во петокот објави дека е потпишан „конечен договор“ за аквизиција на сите акции на американскиот конкурент.

За зделката, Чесите се подготвени да платат 220 милиони долари (околу 180 милиони евра) во готовина, како и повеќе од еден милион нови државни акции. Зделката сè уште не е одобрена од надлежните органи за конкуренција. Се очекува тој да биде готов во вториот квартал од 2021-ва година, кога Чесите ќе имаат бренд стар 175 години, кој избегна банкрот во 2016-та година.

„Ова спојување е стратешки чекор за обете страни“, рече претседателот на „CZG“, Лубомир Коварик. Неговата компанија е горда што ќе има „толку иконска марка“ во портфолиото на производи во иднина. Според извршниот директор на „Colt“, Денис Вејо, стратешката комбинација на две компании отвораат значителни можности за раст.

Комбинираната група ќе има приходи од над 500 милиони долари, вели „CZG“. Акциите на „CZG“ се затворија на 360 круни во петокот, проценувајќи го уделот на зделката на околу 395,5 милиони круни (18,65 милиони американски долари).

„Colt“ е познат по револверот со буренце, развиен од основачот на компанијата Семјуел Колт на почетокот на 19-тиот век. Оваа технологија за прв пат овозможи да се истрелаат до шест куршуми без повторно полнење и доведе до револуција во индустријата за оружје.

„Colt’s Manufacturing Company“ е основана во 1855-та година. Денес е со седиште во Хартфорд, Конектикат и е контролирана од страна на хеџ фондот „Sciens Capital Management“.

Компанијата е снабдувач на американската војска повеќе од 175 години и исто така ги снабдува канадските вооружени сили. Оружјето на „Colt“ повеќе години го претпочиташе американската војска, но во 2013-та година важен договор пропадна и зделките започнаа да опаѓаат.

„Ceska Zbrojovka Group“ е еден од најголемите производители на пиштоли во Европа. Вработува околу 1.650 лица во Чешка, Германија и САД. Производите се продаваат под брендовите „CZ“, „Dan Wesson“, „Brno Rifles“ и „4M Systems“. Компанијата произлезе од приватизацијата на поранешна државна компанија за оружје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП