28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЧисти синуси, бели дробови, лечи кашлица: Моќниот бел корен има големо влијание...

Чисти синуси, бели дробови, лечи кашлица: Моќниот бел корен има големо влијание врз здравјето

Ренот е зеленчук кој има силен, изразен вкус, но всушност е многу повеќе од ароматичен корен. Рен се користи во традиционалната медицина ширум светот со векови, а еве како тоа влијае на здравјето.

Го намалува воспалението во телото

Овој зеленчук содржи моќна супстанца наречена синигрин, која го намалува воспалението во телото со блокирање или менување на делови од имунолошкиот систем кои предизвикуваат воспаление.

Студиите покажаа дека оваа состојка делува и за ублажување на симптомите на атеросклероза, иако експертите велат дека се потребни повеќе истражувања пред да се донесе конечен заклучок.

Се бори против штетните клетки

Ренот е богат со антиоксиданти, кои ги штитат клетките од оштетување предизвикано од слободните радикали.

Го подобрува респираторното здравје

Ако некогаш сте јаделе рен, веројатно го знаете чувството на мало пецкање во носот, грлото и синусите. Покрај тоа што може да ги насолзи очите, ренот може да го подобри и вашето респираторно здравје. Една студија покажа дека суплемент кој содржи сушен рен е ефикасен против синусни инфекции и бронхитис.

Покрај тоа што има големо влијание врз здравјето и одредени здравствени проблеми, ренот содржи и важни витамини и минерали: калциум, магнезиум, калиум, фолати, витамин Ц и цинк.

Еве како да користите рен за разни здравствени проблеми.

Воспаление на синуси

За да излечите воспаление на синуси, изрендајте рен во шерпа, истурете вода и ставете ја на шпорет. Кога смесата ќе се загрее, наведнете се врз шерпата да се „напарите“ пет до десет минути. По неколку дена, ќе почувствувате олеснување и вашите синуси ќе почнат да се расчистуваат.

Кашлица

Ако имате кашлица, измешајте рендан рен со лажичка мед и земајте секое утро еден месец.

Бели дробови

Чајот од рен може да помогне во чистење на белите дробови. Изрендајте околу десет грама од овој зеленчук, прелијте со два децилитри топла вода и оставете го да отстои неколку минути. Пиете го чајот два до три пати дневно.

Можете исто така да користите свеж рен како додаток на разни јадења, без разлика дали се варени, печени или пржени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП