29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЧетири знаци за нетолеранција на лактоза

Четири знаци за нетолеранција на лактоза

Дури 65 проценти од светската популација во некој степен е чувствителна на лактоза, што значи дека нивното тело отежнато ги вари млечните производи, бидејќи во нивните тенки црева се лачи премалку ензимот лактаза.

Ова се некои од знаците дека сте меѓу споменатите 65 проценти од луѓето.

Гасови

Ако секогаш чувствувате надуеност 30 минути до два часа откако сте изеле некој млечен производ, веројатно сте нетолерантни на лактоза.

Дијареа

Ова е симптом на присуство на вишок вода во тенкото црево, бидејќи телото се бори да ја отфрли несварената лактоза.

Грчеви

Дури и во случај да немате дијареа, грчевите по земањето на млечните производи упатуваат дека вашето тело не ја вари лактозата како што треба.

Мачнина и повраќање по консумацијата на млечни производи

Ваква екстремна реакција на млечните производи обично значи дека итно треба да му се обратите на вашиот лекар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП