19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДоделена главната награда - Jeep® Renegade од наградната игра „Дополни и добиј“...

Доделена главната награда – Jeep® Renegade од наградната игра „Дополни и добиј“ на Телеком

  • Доделени и 50 дневни награди – Samsung Galaxy A21S

Ахмет Муртезан од Скопје е добитник на Jeep® Renegade, главната награда од наградната игра „Дополни и добиј“ на Македонски Телеком. Ахмет денес ги доби клучевите од својот нов автомобил и истакна дека со години наназад ги користи услугите на Телеком и е задоволен, а главната награда што ја доби е повеќе од добредојдена за неговото семејство.

Наградната игра се организираше за сите нови и постојни припејд корисници во периодот од 30 ноември минатата година до 18 јануари годинава.

Освен главната награда Jeep® Renegade, Македонски Телеком секојдневно доделуваше и по еден смартфон Samsung Galaxy A21S.

Корисниците се регистрираа преку TelekomMK апликацијата, а со регистрацијата добиваа и  3GB мобилен интернет.

Сите добитници се објавени на веб страницата на Македонски Телеком.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП