26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Harley-Davidson“ започнува со преструктуирање по неочекуваната загуба кон крајот на 2020-та

„Harley-Davidson“ започнува со преструктуирање по неочекуваната загуба кон крајот на 2020-та

„Harley-Davidson“ објави петгодишен план за преструктуирање за да се постигне двоцифрен раст на профитот до 2025-та година, откако неочекувано пријави загуба во четвртиот квартал.

Друга реформска стратегија за компанијата, која со години се бори да ја зголеми продажбата надвор од „бејби бум“ генерацијата, доаѓа по децениски напори да ја зголеми продажбата во странство и да привлече помлади ентузијасти на мотоцикли со поевтини и понови модели.

Од „Harley“ велат дека ќе инвестираат од 190 до 250 милиони долари годишно во своите најсилни сегменти на мотоцикли за да постигнат едноцифрен раст на продажбата на мотоцикли.

Под водство на новиот извршен директор Јохен Зајц, кој ја презеде функцијата минатата година, „Harley“ уште еднаш го сврте вниманието кон големите мотоцикли, традиционалните пазари како што се САД и Европа и постарите богати клиенти.

Како дел од стратегијата, компанијата отпушти вработени, ја намали својата глобална мрежа на продавници, ги елиминираше бавните модели и излезе од 39 пазари каде слабата продажба и профит не ги оправдуваа инвестициите.

Како дел од својата стратегија да го направи брендот „Harley-Davidson“ попривлечен, Зејц стави крај на промотивните понуди, заострените материјали и намалените залихи, дозволувајќи им на дилерите да постават понуда за мотоциклите на компанијата.

Стратегијата придонесе за пад на годишниот приход од 39% во последниот квартал од 2020-та година, кога резервите на мотоцикли паднаа за скоро половина.

Вкупните испораки до трговците во 2020-та година паднаа за 32% на околу 145.200, што е најниско ниво од 1997-ма година. Годишната продажба на мало, што е показател за побарувачката на трговеците, падна за 17% на 180.200, најниско ниво од 1998-ма година. „Harley-Davidson“ пријави загуба од 63 центи по акција во четвртиот квартал во споредба со добивката од 9 центи по акција, една година порано. Анкетираните аналитичари од „Refinitiv“ имаа просечни очекувања дека компанијата ќе објави квартална добивка од 14 центи по акција

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП