24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Tesla“ доби дозвола за изградба на фабрика во Германија

„Tesla“ доби дозвола за изградба на фабрика во Германија

Американскиот производител на електрични возила „Tesla Inc.“ доби дозвола за прелиминарна работа за изградба на фабрика за батерии покрај нејзиниот објект за составување електрични автомобили во близина на Берлин, се вели во објавата на „Твитер“. Дозволата е доделена од германското Министерство за економија, пренесува „Die Welt“.

Според портпаролот на Министерството, оваа дозвола дава можност за една компанија да започне со прелиминарна изградба на проектот, оставајќи го финансискиот ризик целосно врз неа.

Дозволата опфаќа и други компании, дел од големиот европски проект за зајакнување на производството на батерии за електрични возила.

Германскиот министер за економија Петер Алтмајер одлучи да го комбинира погонот на „Tesla“ за производство на батерии со слични проекти од други компании презентирајќи ги пред Европската комисија (ЕК).

Планот од големи размери вклучува околу 50 компании во 12 земји на Европската унија (ЕУ), вклучително и 11 германски компании кои сакаат да изградат капацитети за производство на батерии.

Одобрението за претходна подготовка е различно од градежната дозвола, бидејќи Германија не е одговорна за ризиците околу оваа фаза и не обезбедува финансиска поддршка.

Предвидено е објектот да се гради во близина на фабриката на „Tesla“ близу Берлин, која треба да започне со работа во јули. Извршниот директор на „Tesla“, Илон Маск минатата година вети дека ќе ја изгради најголемата фабрика за производство на батерии во Грунхајд, Германија.

Сè уште нема детали за големината, локацијата и бројот на работни места во фабриката за дизајн на батерии. Компанијата ќе произведува батерии од типот 4.680, кои ќе бидат дизајнирани за автомобили од германско производство, „Model Y“. Овие батерии се помоќни од моделите „2.170“ и „1.8650“ и ќе и обезбедат дополнителна профитабилност на компанијата.

Според Маск, фабриката за батерии ќе има годишен производствен капацитет од 100 гигават часови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП