11 јуни, 2025
ПочетнаКОМПАНИИРезултатите на „JP Morgan“ подобри од очекувањата

Резултатите на „JP Morgan“ подобри од очекувањата

Сезоната на објавување на кварталните резултати во деловниот свет започна во петокот. Резултатите први ги објавија банкарските гиганти.

За „JP Morgan“ последниот квартал беше рекорден, бидејќи (главно се должи на „бумот“ во работењето во инвестициското банкарство), беше остварена добивка од 12,1 милијарди долари.

Сепак, акциите се намалија за 1,6 проценти во петокот, бидејќи сите добри вести очигледно веќе беа вклучени во цената, што сепак е скоро за десет проценти повисоко отколку на 1-ви јануари 2021-ва година.

Банката оствари профит од 12,1 милијарди долари или 3,79 долари по акција, со приход од 30,2 милијарди долари.

Аналитичарите очекуваа дека банката ќе објави заработка од 2,62 долари по акција со приход од 28,7 милијарди долари.

Податоците на „JP Morgan“ во четвртиот квартал ги надминаа и оние од истиот квартал од пред една година порано, кога заработката беше 2,57 долари по акција со приход од 29,2 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП