Некој одамна покренал гласини дека белиот ориз е штетен, а дека кафениот или интегрален ориз е здрав. Не е познато точно од каде потекнуваат овие гласини, но сепак тие на многумина им скратија квалитетен извор на јаглени хидрати.
Кога станува збор за оризот, многумина сметаат дека кафениот ориз е поздрав затоа што е побогат со влакна (има три грама влакна, за разлика од белиот кој содржи 0,5 грама во една шолја варен ориз) и така подолго време ве држи сити.

