8 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАХамбургер кој вреди 250.000 фунти!

Хамбургер кој вреди 250.000 фунти!

hamburger

Од биотехнологијата до биобургерите останува само еден чекор. Оваа недела во Лондон ќе биде претставен првиот хамбургер со месо од епрувета. Плескавицата е со тежина од 140 грама и е произведена од матични клетки во лабораторијата на Универзитетот во Мастрихт.

Но поголема вест најверојатно ќе биде неговата цена: 250.000 фунти (290.000 евра).

Креаторот на необичниот хамбургер е Марк Пост – човек кој е повеќе лаборант, отколку готвач. Тој смета дека технологијата е револуционерна и ќе помогне за справување со кризата во земјоделството. Трансформирање на матичните клетки во месо за јадење е процес кој се одвива во четири фази.

Прво – научникот изолира клетки од мускулите на крава. Потоа ги инкубираат во посебна прехранбена средина. За време на оваа фаза тие се размножуваат и се претвораат во ткиво со густината на варено јајце. И конечно, 3000 ленти од месо кои се одгледуваат во лабораторија, се варат заедно со 200 парчиња од животински масти, исто така од епрувета, за на крајот да формираат еден стек. Процесот е бавен и многу скап, но истражувачот се надева дека ќе успее да создаде хамбургер за само шест недели.

Истражувањата се финансирани од холандската влада и донации. Така на пример анонимен дарител придонел со  300.000 евра за напредокот на проектот. Останува само да се дегустира за да одлучиме дали вештачкото месо не се разликува на вкус од природното, како и да се убедат потрошувачите во неговиот квалитет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП