24 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОва навистина e суперхрана! А така лесно можете да ја набавите!

Ова навистина e суперхрана! А така лесно можете да ја набавите!

Ќе ве згрее во ладните зимски денови, а покрај тоа, одлична е и за здравјето…

Ако навистина сакате здраво да го започнете секој ден, нема подобро решение од овесната каша. Веќе знаеме дека таа го намалува нивото на лошиот холестерол, но новите истражувања покажуваат и дека го намалува ризикот од срцеви болести.

Освен што го намалува нивото на липопротеини со помала густина, односно лошиот холестерол, кој ги блокира артериите, овесните снегулки содржат и бета-глукан, тип на влакна кои го забавуваат апсорбирањето на јаглените хидрати во крвотокот, а тоа се одлични вести за дијабетичарите, бидејќи тоа значи дека овој оброк ги спречува драматичните варијации на нивото на шеќерот и инсулин во крвта.

„Исхраната збогатена со околу 3.5 грама влакна од типот бета-глукан од овесните снегулки, го подобрува нивото на липопротеините со помала густина, но и ХДЛ холестеролот и аполипопротеините“, велат нутриционистите.

Секако, триците се секогаш подобар избор за разлика од овесните снегулки, при што една шолја трици (88 калории) содржи исто количество на бета-глукан како и двојно количество од овесни снегулки, чија енергетска вредност изнесува 166 калории.

Триците можете да ги јадете и како кашата од овесни снегулки, или едноставно да ги наросите по другите јадења – во секој случај правите одличен избор за вашето здравје!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП