Погледнете како сами да направите природен лек за чистење на црниот дроб од суво грозје.
Црниот дроб е биохемиска лабараторија на нашиот организам. Овој орган е заслужен за разградувањето на отровите кои се произведуваат во телото. На здравјето на црниот дроб можат да влијаат одредени лекови, неправилната исхрана, како и бактериските и вирусните инфекции.
Еден од наједноставните начини за чистење и детоксикација на црниот дроб е овој природен лек од суво грозје.
Најпрво изберете квалитетно суво грозје. Ќе го препознаете по тоа што зрната се збрчкани, не светат, не се премногу тврди, но ни премногу меки. Избегнувајте зрна кои се видно оштетени.
Најдобро е да пронајдете зрна кои имаат и мало стебленце, тоа покажува дека станува збор за природен производ.
Како се подготвува природниот лек за чистење на црниот дроб?
1. Наутро ставете половина шоља суво грозје во вода и оставете го да отстои околу 15 минути. Потоа сувото грозје добро измијте го под млаз вода.
2. Измиените зрна ставете ги во шоља зовриена, но оладена вода. Во оваа вода сувото грозје треба да отстои 24 часа.
3. Следното утро, пред појадокот, испијте ја течноста и изедете го сувото грозје. Легнете во кревет околу 1,5 до 2 часа држејки шише топла вода на десната страна од стомакот.
Оваа постапка повторувајте ја еднаш неделно околу еден месец, и тоа два пати годишно.
Поради различната здравствена состојба на секој човек, консултирајте се со вашиот лекар за применувањето на природни средства за лекување.