25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГејтс и Безос ја финансираат технологијата на водородни авиони

Гејтс и Безос ја финансираат технологијата на водородни авиони

Стартапот „ZeroAvia Inc.“, кој развива водородни технологии, успеа да собере 37,7 милиони долари од владата на Велика Британија и група инвеститори, вклучувајќи средства и од Бил Гејтс и шефот на „Amazon“, Џеф Безос.

„ZeroAvia“ посочува дека компанијата има за цел да ги искористи парите за да го забрза развојот на технологии кои би можеле да ги намалат емисиите на јаглерод од авијацискиот сектор со замена на фосилните горива со систем на ќелии со водородно гориво.

Стартапот собра 21,4 милиони долари во серија финансиски кругови водени од „Ecosystem Integrity Fund“ и „Breakthrough Energy Ventures“, фонд поддржан од Бил Гејтс. Други инвеститори вклучени во финансирањето се „Amazon Climate Pledge Fund“, „Horizons Ventures Ltd.“, „Shell Ventures“ и „Summa Equity“.

Британската влада обезбеди 12,3 милиони фунти на компанијата за да и помогне во изградбата на авион со водороден погон со 19 седишта до 2023-та година.

Во 2019-та авионската индустрија генерираше над 1 милијарда метрички тони јаглерод диоксид, според пресметките на „Bloomberg NEF“. Водородот може да се покаже како клучен инструмент за намалување на емисиите во секторот во следните години.

Најголемиот светски производител на авиони, „Airbus SE“, исто така развива планови за изградба на авиони базирани на водород.

Авионот на „ZeroAvia“ го направи својат лет на пистата во близина на објектот за истражување и развој во Кранфилд, Англија, во септември. Извршниот директор на стартапот Вал Мифтахов изјави дека вкупно десет авиокомпании се подготвуваат да ја користат технологијата откако ќе биде подготвена за лансирање на пазарот во 2023-та година.

Компанијата неодамна објави дека планира да работи со „British Airways“.

„ZeroAvia“ сака да понуди на пазарот водороден авион со 20 седишта, кој може да помине 804 километри воздушно до 2023-та година, по што ќе ја подобри машината, зголемувајќи го нејзиниот капацитет на 1.600 километри и над 100 места до 2030-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП