27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИФранцуски регулатор го казни „Google“ со 100 милиони евра

Француски регулатор го казни „Google“ со 100 милиони евра

Францускиот регулатор одговорен за заштита на личните податоци ја изрече најголемата казна во својата историја – 100 милиони евра, на „Google“ за кршење на правилата на страницата за тракери за рекламирање преку Интернет (колачиња), пренесува „Reuters“.

Регулаторот „CNIL“ во соопштението наведе дека го казнил и американскиот гигант во областа на е-трговијата „Amazon“ во износ од 35 милиони евра за кршење на истите правила.

„CNIL“ откри дека француските веб-страници на „Google“ и „Amazon“ не бараат согласност од своите посетители пред да користат „колачиња“, се вели во соопштението.

Двата технолошки гиганти исто така не го исполнија условот да им обезбедат јасни информации на корисниците на Интернет за тоа како имаат намера да ги користат предметните тракери и како посетителите на нивните француски платформи можат да одбијат да користат „колачиња“, додаде регулаторот.

„CNIL“ тврди дека „Google“ и „Amazon“ имаат три месеци да ги променат своите банери за информации. Доколку не го сторат тоа, може да резултира со дополнителна казна од 100.000 евра на ден се додека не се усогласат со условот.

Финансиската казна против „Google“ е најголема досега изречена од „CNIL“, изјави портпарол на регулаторот.

Претходната рекордна казна од 50 милиони евро беше изречена за американски технолошки гигант и беше поврзано со кршење на правилата на Европската унија за доверливост на податоците.

„Google“ и „Amazon“ не одговорија веднаш на барањето за коментар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП