24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSamsung убедлив на врвот

Samsung убедлив на врвот

slikkka

„Samsung“ стана најпрофитабилниот производител на телефони во светот и од тронот го собори „Apple“.

Паметните телефони на „Ѕamsung“ му донесоа профит од 5.2 милијарди долари во второто тромесечие од 2013-та година.

Од друга страна „Apple“ со продажбата од 31.6 милиони примероци на „iPhone“ во периодот од април до јуни заработи 4.6 милијарди долари.

Од вкупниот број на продадени паметни телефони 27.7 проценти му припаѓаат на „Samsung“. Покрај тоа оваа компанија и воедно е најголемиот производител на телевизори и во овој оддел заработиле седум милијарди долари во второто тромесечие.

Според агенцијата која го објави овој извештај во ваквиот успех големо влијание имаше побарувачката на уредите кои користат „Android“ во Азија и Латинска Америка, па така „Samsung“ успеа да продаде 107 милиони паметни телефони низ целиот свет.

„Apple“ со удел од 14 проценти на пазарот на паметни телефони од почетокот на 2013-та година и со тоа го остварија најслабиот резултат во последните три години.

Аналитичарките оценуваат дека вака драстичниот пад е дело на слабата продажба на „iPhone 5“ уредите и силната конкуренција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП