19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМакедонската нано иновација Термостоп освојува нови светски пазари: Бахaми е најновата дестинација!

Македонската нано иновација Термостоп освојува нови светски пазари: Бахaми е најновата дестинација!

И во услови на здравствена пандемија, која предизвика и светска економска криза и застој на националните економии, иновативната македонска компанија Металотехника Прилеп успешно се носи со сите предизвици и извезува на нови светски пазари. Бахами е најновата дестинација! Со тоа уште повеќе се зголеми бројот на земји во светот каде оваа наша комоанија ја извезува нано иновацијата „ТермоСтоп” која наоѓапримена во станбените објекти, но и во индустриските капацитети.

Кога ќе создадете иновативен производ кој е исклучително ефикасен нормално е тој да предизвика интерес и прифатеност. Иако настапуваме скромно и  постои почетна мала недоверба по првите контакти со странските партнери, кога тие ќе го пробаат „ТермоСтоп” едноставно се воодушевени од неговите перфоманси, вели Јандре Здравески,  еден од сопствениците и директор на Металотехника Прилеп.

„ТермоСтоп” е високо квалитетен термоизолационен производ по нано технологија произведен од македонската компанија Металотехника Прилеп, а поддржан од Фондот за иновации на Р. Македонија.

Добиен по нано технологија, овој еколошки производ, овозможува заштеда најмалку 30 – 50% од потрошувачката на енергија во објектите каде се поставува, во период од најмалку 15 години, што е драгоцена заштеда за семејниот буџет, како и за буџетот на една компанија. http://metalotehnika.mk/#

Се нанесува на метал, бетон, цигла и на скоро сите подлоги за подови, ѕидови, кровови, пароводи, топловоди, топол воздух, канали за климатизација итн.  Идеално за премачкување на резервоари за нафта и мазут. Се користи за фасадни зидови, но и за внатрешни зидови, како и за подови како основа пред нанесување подно греење.

Токму овие негови иновативни и пред се функционални карактеристики беа одлична препорака за негово пробивање на странските пазари, и за предходен извоз во земји како Италија, Франција, Украина, Русија ….

“Вложените пари во енергетска ефикасност се паметна инвестиција идентична на купувањето акции на берза или на инвестирањето во образование за своите деца. Вградувањето на Термостоп термоизолацијата на надворешните ѕидови може да доведе до заштедување и до 50% од енергијата што ја плаќаме. Еден до два милиметри дебелина на нанесен слој од оваа изолација заменува 50-70 милиметри од класична изолација. Еколошка, водоотпорна, огноотпорна, еластична со лесна специфична тежина, погодна за нанесување на сите геометриски површини. Може да се нанесува и во период, до температура не помала од +5 степени, за да не замрзнува производот бидејќи е на водена основа,. За само една до две грејни сезони  по изведбата на новата термоизолација можете да си го повратите она што сте го вложиле. Токму овие негови карактеристики се причина зошто има интерес за овој производ, кој со малку подобра надворешна промоција, може да биде вистински хит, вели Јандре Здравески.

Со оваа иновативна термо изолација се намалува ефектот на т.н. ладни зидови кои ја зголемуваат потрошувачката на енергија во домот, кога температурата на површината од надворешните ѕидови е значително пониска од онаа во просторијата, чија оптимална температура би требало да изнесува помеѓу 19 и 21 степени, што доведува до непријатно струење на воздухот околу ѕидот. Во летните месеци пак доаѓа до зголемување на потрошувачката на енергија која е потребна за ладење на објектите, токму поради невградената изолација на фасадата.

Со Термостоп ќе заборавите на потешкотии поврзани со површинската кондензација на водена пареа на ѕидовите, на појава на мувла на ѕидовите и други естетски проблеми, кои најчесто се обидуваме да ги решиме со едноставно премачкување со боја. Дополнителни прашања на [email protected]

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП