ЗДРАВЈЕ

Дали знаете што значат ознаките на амбалажата за вода?

На дното на секоја амбалажа побарајте го тријаголникот со бројка во средината. Тој покажува колку е опасна вашата пластика.

1. PET (често и PETE)

Тие шишиња во повеќето случаи се наменети за еднократна употреба. Постои можност да испуштаат од тешкиот метал антимон и хемиската супстанца EPA која го попречува делувањето на хормоните. Овие шишиња можат да испуштааат и канцерогени соедиенија.

2. HDP (некогаш и HDPE)

Се работи за „добра“ пластика, за која постои најмала веројатност за испуштање на хемикалии во водата.

3. PVC (некогаш и 3V)

Ова пластика испушта две отровни хемикалии, а и двете попречувааат при делувањето на хормоните во човековото тело. И покрај тоа, таа сеуште е најупотребувана пластика за шишињата.

4. LDPE

Пластика која не испушта хемикалии во водата. Не се користи за изработка на пластични шишиња, туку главно за изработка на пластични вреќички за намирниици.