Швајцарската инвестициска банка „Credit Suisse“ ќе ја исплати втората половина на дивидендата за 2019-та година. 99,36 проценти од акционерите на големата швајцарска банка гласаа во петокот на вонредното генерално собрание што се одржа преку Интернет за распределба на 0,1388 франци бруто по акција, објави „Reuters“.
„Нашиот силен отчет ни дава финансиска моќ што треба да ја инвестираме во деловните области и истовремено да ја продолжиме нашата политика за распределување на капиталот во согласност со нашите упатства“, објасни Урс Ронер, претседател на Управниот одбор.

