26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШпанска срамота за Германија, Хрватска загуби од Португалија во 91. минута!

Шпанска срамота за Германија, Хрватска загуби од Португалија во 91. минута!

Тоа што требаше да биде директна пресметка на два фудбалски гиганти за место на финалниот турнир на Лигата на нации на УЕФА, на крајот се претвори во катастрофален пораз за германската репрезентација, каков што не паметат од далечната 1954 година.

Германија, светскиот шампион од 2014 година, успеа да загуби со 6:0 од Шпанија во Севилја, откако „фуријата“ предводена од хет-трикот на Феран Торес им го нанесе најлошиот пораз на Германците од 1954 година, кога загубија од тогаш моќната Унгарија со 8:3.

Дека работите не одат на добро за тимот на Јоаким Лев се виде уште во првото полувреме, кога Алваро Мората (17. минута), Торес (33. минута) и Родри (38. минута) донесоа неочекувани 3:0 предност. Во второто полувреме, Торес (55. и 77. минута) го комплетираше хет-трикот, пред Микел Ојарзабал во 89. минута да ја комплетира неверојатната ноќ во Андалузија.

Хрватска, пак, на „Пољуд“ со неверојатна грешка во 90-тата минута загуби со 2:3 од Португалија, резултат кој сепак, беше доволен да го обезбеди опстанокот во Лига А, откако Французите им направија „услуга“ и со 4:2 ја победија Шведска. Матео Ковачиќ во 29. минута донесе водство за Хрватска, но во второто тие останаа со играч помалку по црвениот картон за Рог, а Португалија направи пресврт со головите на Рубен Дијаш и Жоао Феликс, пред повторно Ковачиќ да ги спаси во 65. минута. Меѓутоа во 91. минута, Ливаковиќ направи катастрофална грешка, а Дијаш ги казни „коцкестите“.

Црна Гора пак, влезе во Лига Б, откако дома лесно со 4:0 го совлада Кипар, додека Луксембург одигра 0:0 со Азербејџан.

УЕФА ЛИГА НА НАЦИИ

ЛИГА А, ГРУПА 4

Шпанија – Германија 6:0

Швајцарија – Украина, одложено

Табела: 1.Шпанија 11, 2.Германија 9, 3.Украина 6, 4.Швајцарија 3

ЛИГА А, ГРУПА 3

Франција – Шведска 4:2

Хрватска – Португалија 2:3

Табела: 1.Франција 16, 2.Португалија 13, 3.Хрватска 3, 4.Шведска 3

ЛИГА Ц, ГРУПА 1

Црна Гора – Кипар 4:0

Луксембург – Азербејџан 0:0

Табела: 1.Црна Гора 13, 2.Луксембург 10, 3.Азербејџан 6, 4.Кипар 4

ЛИГА Д, ГРУПА 1

Андора – Летонија 0:5

Малта – Фарски Острови 1:1

Табела: 1.Фарски Острови 12, 2.Малта 9, 3.Летонија 7, 4.Андора 2

ЛИГА Д, ГРУПА 2

Гибралтар – Лихтенштајн 1:1

Табела: 1.Гибралтар 8, 2.Лихтенштајн 5, 3.Сан Марино 2

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП