24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHuawei го продава Honor за да „обезбеди сопствен опстанок“

Huawei го продава Honor за да „обезбеди сопствен опстанок“

Кинеската компанија Huawei го продава брендот на паметни телефони „Honor“ за да се обиде да го спаси бизнисот погоден од американските санкции. Се продава и целата малопродажба на „Хонор“, но не се познати повеќе детали за тоа.

Huawei претрпе големи загуби поради санкциите што ги блокираат компаниите да пристапуваат до американските компоненти на паметните уреди. САД наведуваат дека компанијата претставува закана за националната безбедност, бидејќи наводно, постои можност за шпионирање за кинеската влада, но Huwaei го демантираше тоа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП