Британската банка „Ројал Бенк оф Скотланд“(RBS) е казнета со 5.6 милиони фунти поради лажните извештаи за трансакциите во период од шест години.
Како што соопшти Управата за контрола и надзор на финансискиот сектор (FCA), банката е казнета поради доставување на неточни извештаи за трансакциите на пазарот, како и поради тоа што понекогаш и воопшто не пријавувале трансакции.
„RBS“ по глобалната финансиска криза од 2008-та година доби државна помош од 45.5 милијарди фунти што е најголемата сума во светот досега која е вложена за спас на некоја банка.
„FCA“ наведува дека „RBS“ прописно не ги пријавувала трансакциите вредни 44.8 милиони фунти во периодот од ноември 2007-та до февруари 2012-та година.
„Ефикасниот пазарен надзор зависи од точните и правовремените извештаии за трансакциите“, вели директорката на „FCA“, Трејси Мекдермот.
„Го појаснивме процесот за пријавување на трансакциите и очекуваме компаниите да ги пријавуваат. Покрај финансиските казни, компаниите може да очекуваат и да ги подмируваат трошоците за новите извештаи“, додаде таа.