19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПриходите на „Electronic Arts“ паднаа за 14% во последниот квартал

Приходите на „Electronic Arts“ паднаа за 14% во последниот квартал

Креаторот на видео-игри „Electronic Arts“ објави финансиски резултати кои ги надминаа очекувањата на „Wall Street“. Приходите за вториот фискален квартал (трет календар), кој заврши на 30-ти септември, паднаа за 14 проценти или 1,15 милијарди долари, објави „VentureBeat“.

Иако приходите се намалија од пред една година, прогнозата на „ЕА“ за третиот фискален квартал се покажа разочарувачка. Како резултат на тоа, цената на акцијата падна за 7,6% до 118,53 долари по акција.

Сето ова покренува прашања за тоа колку голем и долготраен ќе биде гејмерскиот бум поради пандемијата. „ЕА“ нагласува дека е особено тешко да се предвиди за време на пандемијата и на почетокот на новиот циклус на конзолите.

Зборувајќи пред аналитичарите, главниот финансиски директор Блејк Јоргенсен рече: „Ова е свет во кој никогаш порано не сме биле. Ние сакаме да бидеме внимателни (со предвидувањата) бидејќи ова е свет каде што немаме особено долга историја“, рече тој.

Според општоприфатените принципи на сметководство (GAAP), „ЕА“ објави заработка од 63 центи по акција, од 2,89 американски долари за акција пред 12 месеци. Приходите достигнаа 1,15 милијарди долари од 1,35 милијарди долари пред една година. Аналитичарите очекуваа заработка од 35 центи по акција на приход од 9,59 милијарди долари.

Една од причините за помалите приходи оваа година е што „FIFA 21“ ќе се појави во третиот фискален квартал, т.е. последниот календар, кој завршува на 31-ви декември, наместо квартал порано. Веројатно поради оваа причина, аналитичарите се оптимисти за четвртиот календарски квартал.

За третиот фискален квартал, „ЕА“ очекува 61 цент по акција од заработка со приход од 1,68 милијарди долари. За годинава, нејзината прогноза е за заработка од 3,15 долари по акција и приход од 5,63 милијарди долари. Од своја страна, аналитичарите проценуваат дека кварталната заработка ќе биде 1,21 долари со 2,36 милијарди долари приход, а годишните резултати ќе бидат 3,48 долари по акција на заработка, односно 6 милијарди долари приход.

Во последниот период на известување, компанијата објави неколку големи игри, вклучувајќи ги „UFC 3“, „Madden NFL 21“, „Rocket Arena“ и „Star Wars: Squadrons“.

„ЕА“, исто така, ќе потроши дополнителни средства за откуп на акции за својата прва квартална готовинска дивиденда од 17 центи по акција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП