26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСкокот во интернет-трговијата во Кина и помогна на „Alibaba“

Скокот во интернет-трговијата во Кина и помогна на „Alibaba“

Групацијата „Alibaba“ ги надмина кварталните прогнози за приходи, поддржани од растот на трговијата преку Интернет откако Кина излезе од блокадата од коронавирусот. Компанијата исто така објави дека ќе го проценува одложувањето на котација на нејзината единица „Ant Group“, пренесува „Reuters“.

Кинеската изненадувачка одлука да ја одложи планираната почетна јавна понуда од 37 милијарди долари на „Ant Group“, некои инвеститори и аналитичари го сметаа за обид на Пекинг да го ослаби влијанието на основачот Џек Ма и неговата империја за финансиски услуги.

За време на презентацијата на финансиските резултати, извршниот директор на „Alibaba“, Даниел Jанг рече дека неговата компанија „активно го проценува“ влијанието на одложувањето на IPO-то на „Ant Group“ врз бизнисот и „соодветно ќе ги преземе потребните мерки“.

Освен тоа, „Ant Group“ изјави дека ќе одлучи дали ќе се обиде повторно да ја спроведе првичната јавна понуда по целосен преглед и проценка на релевантните мерки.

Резултатите на „Alibaba“ исто така се совпаднаа со пазарите кои очекуваа развој на претседателските избори во САД кога кандидатот на демократите Џо Бајден се приближува до победата.

Под Доналд Трамп, двете најголеми економии во светот влегоа во трговски спор што принуди некои кинески компании да се откажат од IPO-то во САД и да се обложат на листите поблиски до нивните домашни пазари.

Приходите од деловните области на „Alibaba“ скокнаа за 60 проценти на 14,9 милијарди јуани. Приходите од главната деловна активност во е-трговија се зголемија за 29% на 130,92 милијарди јуани во последниот квартал.

Нето добивката падна за 63 проценти на 26,52 милијарди јуани откако резултатот беше поддржан минатата година со еднократната добивка од 33% од акциите на „Ant Group“.

Во кварталот што заврши на 30-ти септември, приходите се зголемија за 30% на 155,06 милијарди јуани. За споредба, прогнозата на „Refinitiv“ беше 154,74 милијарди јуани.

Акциите на „ Alibaba“ понудени во САД, кои скокнаа за 39% во оваа година, паднаа за скоро 4% пред почетокот на последното тргување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП