25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Lenovo“ објави рекордни резултати благодарение на новата нормалност

„Lenovo“ објави рекордни резултати благодарение на новата нормалност

Кинеската групација „Lenovo Group“, најголемиот производител на компјутери во светот, објави тримесечна добивка поголема од очекуваната. Таа исто така најави дека продолжува да има корист од „новата нормалност“ – работа од далечина поради ковид-19, пренесува „Reuters“.

Кинескиот гигант постави нови рекорди за приходите на групацијата, добивката пред оданочување и нето добивката, а неговите три клучни деловни групи генерираа годишен раст за прв пат во шест квартали.

„Последниот квартал беше она што јас би го нарекол совршен квартал за „Lenovo“. Се надевам дека сегашната ќе биде уште подобра“ рече претседателот на компанијата Јан Јуенкинг.

„Lenovo“ пријави скок од 53% во нето добивката за извештајниот период кој заврши во септември на 310 милиони американски долари. Успеа да ја надмине просечната прогноза на аналитичарите од 224 милиони долари, според „Refinitiv“. Приходите се зголемија за 7 проценти на 14,5 милијарди долари.

Главната заработка по акција за вториот квартал беше 2,59 американски центи, или 20,08 хонгконгшки центи. Управниот одбор на „Lenovo“ објави привремена дивиденда од 6,6 центи по акција во Хонг Конг.

Бидејќи пандемијата ги принуди компаниите ширум светот да работат од далечина, а луѓето претпочитаат да останат повеќе дома, компанијата очекува да има корист од скокот на продажбата на персонални компјутери и таблети.

„Нашите гејмерски компјутери и нашите лесни и тенки компјутери всушност ги зголемуваат маржите побрзо од другите производи“, рече Јан.

Според фирмата за истражување на пазарот „Gartner“, глобалната продажба на компјутери се зголеми за 3,6 проценти во кварталот јули-септември, водена од побарувачката за домашна забава и учење од далечина. Исто така, забележа најголем раст на пазарот на персонални компјутери во Соединетите држави во последните една деценија.

„Lenovo“ го консолидираше своето лидерство на пазарот на персонални компјутери и веќе има удел на пазарот од 25,7%. Таа е рангирана пред „HP“ и „Dell Technologies“, кои имаат 21,6% и 15,2%, соодветно.

Јан објасни дека проблемите со снабдувањето, особено на дисплеите и чиповите, ја спречуваат компанијата да ги задоволи сите побарувачки на потрошувачите. „Побарувачката не е проблем, набавките се. Ако можеме да пополниме доволно испораки, можеме да продадеме повеќе производи “, додаде тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП