Народната медицина има повеќе рецепти за подобрување на крвната слика, односно за зголемување на хемоглобинот во крвта.
Овој еликсир е проверен лек. Освен што носи исклучителни резултати, тој е многу вкусен па можете да го доживувате и како десерт.
Се што ви е потребно:
– 200 мл мед
– 200 гр ореви
– 20 гр суво грозје
– 200 мл сок од моркови
– 200 мл сок од цвекло
– 2 лимони
Подготовка
Двата лимона преполовете ги и исчистете ги од семките, па сомелете ги заедно со кората или без (ако се прскани). Во нив додадете го медот, цедениот сок од цвекло и цедениот сок од моркови и добро промешајте.
На крајот во смесата додадете ги ситно сецканите или мелени ореви и сувото грозје. Ќе добиете околу еден килограм лековита смеса која можете да ја чувате во стаклени тегли. Јадете три пати на ден по една лажица пред или после оброците.
Единствената „нуспојава“ е значителното подобрување на крвната слика.