24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„L’Oreal“ ги изненади аналитичарите со растот на приходите

„L’Oreal“ ги изненади аналитичарите со растот на приходите

Наспроти очекувањата на експертите, приходите од продажба на француската групација за козметика „L’Oreal“ се зголемија во третиот квартал. Компанијата објави дека приходите изнесуваат 7,04 милијарди евра на споредлива основа, за 1,6% повисоки од истиот период од минатата година. Сепак, аналитичарите очекуваа пад од повеќе од два проценти.

Во претходниот квартал, производителот на брендови како што се „Lancome“ и „Maybelline“, објави пад од 19% во оваа насока.

Најголемиот мотор за подобрување не доаѓа од најпознатите брендови за шминка на „L’Oreal“, туку од неговиот оддел за козметика, кој служи за дерматолошки услови со брендови како „Vichy“ и „La Roche Posay“.

Со исклучок на луксузниот сегмент, сите области објавија раст. Особено се забележува во секторот за нега на кожата, каде што е зголемен за 29,9%. Иако експертите очекуваа раст тука, очекувањата беа значително помали.

За целата втора половина од годината, „L’Oreal“ исто така очекува раст на продажбата. Компанијата соопшти дека растот во Кина и Бразил е особено силен во третиот квартал. И производителите на брендови за луксузни стоки, од „Hermes“ до „Louis Vuitton“, исто така зборуваат за силна побарувачка во Азија, бидејќи ограничувањата за ковид-19 се намалуваат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП