23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Bulgari“ се фокусира на своите локални клиенти на индивидуалните пазари

„Bulgari“ се фокусира на своите локални клиенти на индивидуалните пазари

„Bulgari“ го засилува својот фокус на локална продажба во земјите каде што работи, особено во Кина, откако пандемијата ја зафати туристичката индустрија, изјави извршниот директор Жан-Кристоф Бабен, цитиран од „Bloomberg“.

Компанијата за луксузни производи, сопственост на гигантот „LVMH“, бележи едноцифрен раст на продажбата на западните пазари и двоцифрен раст во азиските земји, рече Бабен во интервју дадено во Рим пред лансирањето на ограничена серија часовници „Aluminium Tricolore“ во полза за педијатриските болници во Италија. Покрај Кина, добро се однесуваат и земји како Јужна Кореја и Русија, рече тој.

„Интернет-шопингот се зголеми за трипати во последните неколку месеци“, иако туризмот пропадна во иста мера, објасни извршниот директор. „Можеме да очекуваме туризмот да остане слаб во следните квартали, така што нашиот фокус кон локалните клиенти ќе се зголеми“.

Кина води во обновување на продажбата на луксузни производи, откако во голема мера се справи со Ковид-19. Со ограничувањето на меѓународните патувања, богатите кинески потрошувачи се свртуваат кон купување на домашниот пазар. „Bulgari“ ќе отвори уште пет нови продавници во Кина во 2021-ва година.

Бабен вели дека е уверен дека „Bulgari“ може да поврати поголем дел од изгубената продажба на Ковид-19 во рок од две години.

„Следната година нема да видиме враќање на нивоата од 2019-та година, едноставно затоа што ќе биде тешко да се поврати 100-процентната загуба во туризмот. Луксузните добра се многу зависни од патувања и импулсивни набавки“, рече тој.

„Bulgari“ се држи до среднорочен и долгорочен план за проширување на својата линија луксузни хотели, додаде извршниот директор. Компанијата ќе отвори една продавница во Париз следната година, една во Рим за неколку години, и нејзиниот прв хотел во Соединетите држави помеѓу 2023-та и 2025-та година. Целта е да се достигнат 15-20 хотели до 2030-та година. „Ковид ќе го направи луксузот уште попосакуван. Кога ќе заврши кризата, луѓето ќе сакаат да уживаат во животот повеќе од кога било“, рече Бабен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП