10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАмбициите на Google: Да влезе во главите на корисниците

Амбициите на Google: Да влезе во главите на корисниците

google-glass

Најновите преносни уреди на компанијата Google се чини дека се само отскочна даска на нивната главна амбиција – микрочип вграден во главите на корисниците. Сепак, Google инвестира во својата иднина со нова услуга, која ќе ги користи информациите на регистрираните корисници, за автоматски да ги предвиди нивните пребарувачки потреби и да им ги прикаже потребните податоци.

Крајната амбиција е буквално да влезе во главите на корисницитесо помош на вграден микрочип во мозокот за директно да им ги испраќа резултатите.

Бен Гомез, потпретседател на одделот за пребарување во Google, изјави дека оваа визија е далеку од застрашувачките предвидувања на научната фантастика, и дека веќе се користеле слични чипови за да им се помогне на луѓето со хендикеп за да ја управуваат својата количка.

“Тие примаат само неколку чувства во врска со насоката во која треба количката да оди, но од таму до добивањето на вистинските зборови е долг патот. Ќе мора да го направиме ова само во мозокот, со цел да се овозможи подобра интеракција. Нетрпеливи сме да го постигнеме тоа, но сепак уште треба да развиваме делови од технологијата”, рече Гомез.

На патот на овие амбиции стојат основните граѓански слободи, бидејќи веќе се појавија тврдења дека Google прави заговор со Американските власти со цел да им “ја отвори вратата” на информации достапни на стотици милиони корисници, овозможувајќи им да ги пратат нивните онлајн активности.

Компанијата, наводно, им овозможила на аналитичарите од Националната агенција за безбедност (НСА) да ги „пречешлаат” приватните информации на своите корисници. Во таканаречената „PRISM” програма, откриена во серијалот на написи во Гардијан, Google и многу други компании во Силиконската долина, наводно направиле таен договор со американските разузнавачки агенти – што им овозможува на агентите пристап до приватните податоци за корисниците без судски налог.

 И покрај постојаното негирање на Google, наводите содржани во документите објавени од страна на Едвард Сноуден, предизвикаа криза на доверба во компанијата, и интернет корисниците се во потрага по нови начини да сурфаат а да не бидат следени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП