26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТата е новиот тренер на Барса

Тата е новиот тренер на Барса

tata

Аргентинскиот стратег Херардо Мартино – Тата е новиот тренер на Барселона, објавија официјално од „Камп Ноу“.

Јужноамериканецот ќе потпише договор за две сезони и во наредните часови ќе биде позната и неговата програмата, откако тој ќе пристигне и ќе биде претставен. 50-годишниот Тата го заменува на должноста Тито Виланова, кој се повлече од функцијата поради болест.

Педесетгодишниот Мартино, кој никогаш не бил тренер во Европа беше назначен за најдобар стратег во Јужна Америка во 2007-та година заради неговата работа со парагвајската репрезентација. Во минатата сезона ја освои титулата во аргентинското првенство со Њуелс Олд Бојс и стигна до полуфиналето на Копа Либертадорес.

Сегашните помошници Жорди Роура и Руби ќе го водат тимот на утрешниот пријателски натпревар против Баерн Минхен, а Мартино ќе започне со работа со екипата во четврток.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП