28 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПлатформите за учење преку Интернет забележаа зголемување од 520 проценти

Платформите за учење преку Интернет забележаа зголемување од 520 проценти

Анкетата, спроведена од аналитичари од „Payoneer“, меѓу онлајн предавачи од 40 земји во светот, има за цел да утврди како пандемијата влијае врз нив и какви се нивните предвидувања за секторот за учење преку Интернет.

Пандемијата на вирусот Ковид-19 целосно го смени секторот за образование, бидејќи многу процеси се префрлија во формат преку Интернет, што стана единствениот можен начин за стекнување нови знаења.

Во неизвесна економска ситуација, многумина се обидуваат да ги прошират постојните вештини или да усвојат нови со цел да останат конкурентни на пазарот.

Образовната платформа „Courser“ посочува дека бројот на ученици е зголемен за 25 милиони од средината на март или 520 проценти повеќе отколку во истиот период од минатата година.

Платформата „Udemy“ исто така бележи раст од 425 проценти на запишување студенти. Аналитичарите на „Payoneer“ сметаат дека трендот на брз раст на наставата преку Интернет ќе продолжи и во иднина.

„Карантинот го потенцираше форматот на настава преку Интернет и многумина го открија учењето од далечина како нов соодветен формат за стекнување знаење. Ова е позитивен сигнал за предавачите на Интернет кои планираат да продолжат да привлекуваат учесници на нивните курсеви. Како резултат, 87 проценти од наставниците за професионални вештини и 54 проценти од оние кои предаваат странски јазици очекуваат долгорочен раст на побарувачката за курсевите што ги одржуваат“, велат аналитичарите од „Payoneer“.

Постојат бројни услуги, платформи, насоки на пазарот за онлајн образование, и за полесно разбирање. Истражувањето дефинираше две главни области: обука за професионални вештини (подобрување на вештините на работното место, работа на тешки вештини) и учење странски јазици.

Околу 75 проценти од анкетираните предавачи велат дека започнале со настава преку Интернет во изминатите две години. Дури 77 проценти од наставниците по странски јазик имаат официјални квалификации („TESOL“, „TEFL“, универзитетска диплома или напредни јазични вештини).

Исто така, 73 проценти од наставниците немаат формална квалификација за професионални вештини: тие се потпираат само на практично искуство, што може да биде вредно во оваа област.

Статистичките податоци покажуваат дека за многу професионалци, онлајн образованието стана единствениот извор на приход, поточно за 77 проценти од наставниците по странски јазик и 52 проценти за наставниците за професионални вештини.

Околу 90 проценти од анкетираните предавачи наведуваат дека се подготвени да ја сметаат наставата преку Интернет како единствен извор на приход.

Интересно е да се напомене дека околу 75% од испитаниците изјавиле дека не ги менувале цените на нивните курсеви и програми за обука, и покрај зголемувањето на побарувачката.

За многу предавачи, онлајн образованието отвора нови можности за заработка. Со помош на платформата за плаќање „Payoneer“, наставниците можат значително да заштедат при подигање пари, бидејќи за повеќето онлајн платформи плаќањето е бесплатно или изнесува до два проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП