26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМакедонската фудбалска репрезенација едвај до бод со слабата Естонија

Македонската фудбалска репрезенација едвај до бод со слабата Естонија

Македонската фудбалска репрезенација не успеа да го заддржи моментот и по победата во првиот меч од баражот за пласман на Евро 2021, да ја продолжи низата и во Лигата на нации на УЕФА, одигрувајќи 3:3 на гости кај слабата Естонија.

Работите почнаа одлично за нас, откако во третата минута дефанзивецот на домаќините, Мартин Куск постигна еден од најсмешните автоголови во историјата, поради недоразбирање со својот голман. Сепак, Естонија успеа да се врати со голот на Рауно Сапинен во 33. минута по лошата реакција на нашата одбрана.

Во 61. минута, Естонците прават пресврт, откако по слободен удар, повторно Сапинен се најде на вистинско место по одбраната на Шишковски за 2:1. Со влегувањето на Горан Пандев и Илија Несторовски малку се разбуди нападот, што резултираше во досуден пенал во 67. минута, но Александар Трајковски ја погоди само пречката.

Во 74. минута, пенал за домаќините по игра со рака во нашиот шестнаесетник, и Франк Ливак носи 3:1 водство. Сепак, на крајот, Македонија успеа да извади поен, откако прво во 80. минута, Горан Пандев покажа дека класата е вечна, матирајќи ја одбраната на домаќините. Во 88. минута Зајков по една лоша интервенција на цела одбрана на Естонија, израмни на 3:3.

https://twitter.com/benjadiezsierra/status/1315323421140680704?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1315323421140680704%7Ctwgr%5Eshare_3&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fsport%2Fpremnogu-se-opushtivme-3-3-remi-na-gosti-kaj-slabata-estonija%2F

За среќа во Ереван, Ерменија предводена од Хенрих Мхитарјан во финишот на мечот дојде до 2:2 реми, така што остануваме израмнети со Грузијците на првото место во групата 2. Грузија, да потсетиме, е нашиот противник во баражот за пласман на ЕП во 2021 на 12 ноември.

ЛИГА НА НАЦИИ, ЛИГА Ц, ГРУПА 2, 3.КОЛО

Естонија – МАКЕДОНИЈА 3:3

Ерменија – Грузија 2:2

Табела: 1.Грузија 5, 2.Македонија 5, 3.Ерменија 2, 4.Естонија 1

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП