21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Lufthansa“: Губевме по милион евра на секои 90 минути

„Lufthansa“: Губевме по милион евра на секои 90 минути

Авио-индустријата е во многу тешка финансиска ситуација, а „Lufthansa“ е одличен пример за тоа.

Извршниот директор на „Lufthansa“, Карстен Шпор откри дека неговата авио-групација во екот на пандемијата предизвикана од коронавирусот губела милион евра на секои 90 минути.

Овие огромни загуби „Lufthansa“ ги подмируваше со милијарди евра државна помош.

Групацијата „Lufthansa“ до крајот на годината очекува пониска побарувачка од 20 до 30 проценти во однос на 2019-та година.

Имајќи го тоа на ум, превозникот ќе стави дополнителни осум „A380“ авиони и десет „A340“ во долгорочно складирање, а повторно ќе ги активира во случај на неочекувано брзо закрепнување на пазарот, се наведува во соопштението од компанијата.

Групацијата исто така дополнително ќе го намали бројот на вработени, а ќе се обиде и да влијае на финансиите, насочувајќи се на 470 милиони долари месечна загуба.

„Апсолутно е сигурно дека „Lufthansa“ ќе ја преживее кризата предизвикана од вирусот ковид-19“ вели Шпор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП