28 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРА20 грешки кои ги правиме на интервју за работа

20 грешки кои ги правиме на интервју за работа

int

И покрај советите, голем број кандидати продолжуваат да ги прават истите грешки на интервју за работа.

Без разлика дали сте нервозни или неподготвени, мора да сторите се за да ги избегнете овие грешки, бидејки тоа може да биде пресудно дали ќе ве примат на работа или не.

Проверете дали ги правите овие грешки на интервју за работа….

 

1.Доаѓаат прерано или прекасно

На разговор за работа најдобро е да дојдете 5 до 10 минути порано.

2.Непрофесионално облекување

Ако не сте сигурни каква облека да облечете за интервју за работа, одберете класична, бизнис облека.

3.Лоши манири

Не џвакајте мастика, изгасете го мобилниот, не се служете со жаргон кога одговарате на прашањата.

4.Знаци на замор

Добро да се наспите пред да одите на интервју за работа за да изгледате свежи и одморени.

5.Очајно ја посакувате работата

Разбирливо е дека ви е потребна работата и дека се уморивте од пребарување, сепак обидете се да се насмеете и да делувате оптимистички.Понекогаш такви ситници прават огромна разлика.

6.Ракување и претставување

Понекогаш поради трема ги забораваме основните работи.Ракувањето и срдечното претставување не би смееле да ги заборавиме.

7.Заборавање на името на испитувачот

Добар трик за тие кои не памтат имиња: кога испитувачот ќе ви се претстави, вие повторете го на глас неговото име за да го запамтите( пр. Господине Милан драго мие, јас сум Александар)

8.Шегување и хистерична смеа

Испитувачот треба да се свати сериозно и внимателно да се слуша што зборува. Малку хумор не боли, но секогаш водете сметка да не се преминуваат границите.

9.Контакт со очите

Соговорникот секогаш гледајте го во очи.Кога избегнувате поглед оставате впечаток дека нешто криете или зборувате невистини.

10.Прекинување на испитувачот поради телефонски повик

Да не ви се верува ама има кандидати кои и тоа го прават……

11.Претерување со парфемот

Силни мириси може да го деконцентрираат соговорникот и општо тие оставаат лош впечаток.

12.,,Мумлање” при одговарање на прашањата

Кратки одговори испрекинати со ,,умммм”, ,,хмммм”, делуваат непрофесионално.Вашите одговори мораат да бидат концизни и убаво формулирани.

13.Критикување на бившиот работодавец

Можеби имате причина за тоа, но ова не е ситуација во која треба да се зборува за тоа.

14.Премалку или премногу зборување

Обидете се да давате целосни информации но со права мерка.Посматрајте го соговорникот и доколку погледот му се движи и нервозно тропа со раката на столицата , време е да ја скратите приказната.

15.Недоволна подготовка

Не сте ја проучиле компанијата, на кој пазар припаѓа, или уште полошо, не знаете зошто ја сакате оваа работа.Разговорот не е едноставна задача. Подгответе се.

16.Немате прашања за испитувачот

Кога на крај на интервјуто ќе ве прашаат дали имате некое прашање, искористете ја таа прилика да дознаете повеќе за вашето работно место.Доколку стварно немате прашања, објаснете дека испитувачот во текот на разговорот ви ги дал сите битни информации.

17.Не знаете да им објасните зошто сакате да ве вработат

Работодавецот првенствено го интересира што вие можете да му понудите и дали му е исплатливо да ве вработи.Размислете за тоа што можете да му понудите.

18.Прашања за плати и бенефиции

Ова не е забранета тема на интервју за работа, но ако тоа не се спомене на првиот разговор,за тоа постои причина.

19.Прашања за годишен одмор, а сеуште не сте ја добиле работата

Секој почеток е тежок и бара малку жртвување.Подобро почекајте прво да ве вработат, а потоа отворете ја темата за годишен одмор.

20.Заблагодарување за разговорот за работа

Многу кандидати забораваат тоа да го направат, а во прашање е убав гест со кој можете да оставите многу позитивен впечаток.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП