19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСветска премиера на „BMW Serieѕ 4 Cabrio“ (ФОТО/ВИДЕО)

Светска премиера на „BMW Serieѕ 4 Cabrio“ (ФОТО/ВИДЕО)

Бавараскиот производител направи смена на генерацијата на моделите од „Serieѕ 4“. Најпрво на почетокот на јуни ја запознавме купе верзијата, а неодамна премиера имаше и спортскиот „M4“, како и верзијата со 4 врати – новиот „BMW M3“.

На ред дојде и „BMW Serieѕ 4 Cabrio“, кој го превзема новиот дизајнерски јазик од купе верзијата, со значително истакната предна маска.

Уште еден новитет е подвижниот тврд покрив кој беше заменет од претходната генерација со мек.

„BMW“ соопшти дека покривот сега е за 40 проценти полесен отколку кај претходната генерација.

Кога покривот е спуштен, возачот на располагање има багажен простор од 255 литри, што е за 34 литри повеќе отколку од моделот кој заминува.

Од друга страна, кога покривот е подигнат, патниците имаат нешто повеќе простор за главите од претходно.

Покривот се спушта и крева за само 18 секунди, дури и кога возилото е во движење, но само до брзина од 50 km/h.

Во некои верзии и пакети на опрема оваа операција е возможно да се изврши со помош на копче кое е на клучот.

Кога станува збор за внатрешноста, „BMW“ како опција нуди целосно дигитална инструмент табла од 12,3 инчи, додека на централната конзола е од 10,25-инчи со дигитален екран од мултимедијалниот систем.

Моторизацијата ја сочинуваат бензинците „420i“ (184 KS) и „430i“ (258 KS), како и „M Performance“ во моделот „M440i xDrive“ со шестцилиндарски агрегат со 374 коњски сили, додека единствениот дизел во понудата е верзијата „420 d“ со 190 KS.

„BMW M440i xDrive“ e поврзан со 8-степен „Steptronic“ aвтоматски менувач, а моќта се пренесува на сите четири тркала. Тоа се и „M Sport“ диференцијалот, „M Sport“ сопирачките и 18-инчните „M“ тркала како стандардна понуда, додека купувачите може да изберат 19-инчни тркала.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП