26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДодадете го овој зачин во јогуртот: Ќе ги изгубите килограмите и ќе...

Додадете го овој зачин во јогуртот: Ќе ги изгубите килограмите и ќе го уништите лошиот холестерол

Научниците овој ефект го објаснуваат со тоа што овој зачин содржи изобилство од фитосфероли кои имаат способност да го апсорбираат холестеролот, а содржи и материи коишто го забрзуваат метаболизмот.

Личностите кои дневно консумираат по една лажица мелен ким, дури три пати побрзо губат на тежина во однос на луѓето кои се на диета, но не го консумираат овој зачин.

До ваков заклучок неодамна дошле научниците од иранскиот Институт за медицински науки Shahid Sadoughi при недамнешните истражувања.

Во истражувањето учествувале 88 жени со прекумерна тежина, а сите тие во текот на истражувањето го намалиле дневниот внес за 500 калории и следеле повеќе совети за здрава исхрана.

Меѓутоа, половина од испитаниците секојдневно јаделе и по три грама ким во прав, измешан во обезмастен и незасладен јогурт.
После три месеци, групата којашто консумирала ким значајно повеќе ослабела.

Во просек тие изгубиле за 1,5 килограми повеќе од жените кои не консумирале ким, а за дури 14 отсто им бил намален уделот на мастите во телото.

Жените кои не јаделе ким изгубиле околу 5 килограми, а уделот на мастите го спуштиле за 4.9 проценти.

Освен тоа, овој зачин им помогнал и нивото на лош холестерол да го спуштат за 10 единици!

Научниците овој ефект го објаснуваат со тоа што кимот содржи изобилство од фитосфероли кои имаат способност да го апсорбираат холестеролот, а содржат и материи кои го забрзуваат метаболизмот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП