7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКако пандемијата може да го промени капитализмот засекогаш?

Како пандемијата може да го промени капитализмот засекогаш?

Капитализмот е во криза. Пандемијата може да го промени засекогаш – во корист на работниците и оние на кои им е најпотребно.

Ковид-19 стави „под лупа“ многу од нееднаквостите во американската економија и општество. Милиони Американци се уште се без работа.

Особено беа погодени жените и малцинските работници. Многу луѓе не можат да си дозволат да плаќаат за грижа за децата или технологијата што им е потребна на нивните деца за учење од далечина, пишува „CNN Business“.

Претходно имаше нееднаквости, но вирусот „фрли“ ново светло на недостатоците на денешните економски и социјални системи, вели Пол Колие, професор по економија и јавна политика на Универзитетот во Оксфорд.

Светскиот економски форум веќе повика на „големо рестартирање“ на капитализмот.

Амблематично е денешното капиталистичко општество, групи луѓе да заостануваат зад другите и задача на политичарите е да се обидат да го поправат тоа.

Ова не е прв пат капитализмот да е во криза. Во педесеттите години од минатиот век, т.н. „Златно доба на САД“, постоеше страв дека автоматизацијата ќе ги елиминира работните места и дека луѓето ќе пропаднат низ дупките на владината мрежа за социјална безбедност.

И во 2008 година, корпоративната алчност беше испитана „под микроскоп“ по финансиската криза.

Во модерната историја, само „Големата депресија“ е попоразителна од Ковид-19. Ефектите од „Големата депресија“ – олеснување, закрепнување и, пред сè, реформи – можеби повторно ќе бидат потребни за да се создаде подобра економија за во иднина, вели Лери Гликман, професор по американски студии на Универзитетот Корнел.

Ќе биде тешко повторно да се стават „под тепих“ сите економски проблеми на САД кога ќе заврши пандемијата.

Еве три начини на кои пандемијата може да го промени капитализмот засекогаш:

Нова социјална мрежа за заштита

Пандемијата откри празнини во мрежата на социјална заштита на САД. Ова ја доведува до израз опцијата за социјална помош 2.0, која може да биде поприлагодена на потребите на работниците, велат експертите.

„Се наоѓаме во фаза кога нишалото се наклонува кон поповолен поглед на тоа што можат да прават владите“, рече Гликман.

Подобро осмислени бенефиции за невработеност, програми што им помагаат на луѓето да се реинтегрираат во работната сила и подостапни станови можат да помогнат во олеснување на товарот на кризата за најслабите членки на економијата.

Милиони ги загубија своите работни места за време на пандемијата, но редовните надоместоци за невработеност честопати не се доволни за да врзе крај со крај, додека кириите „јадат“ голем дел од приходите низ целата земја. Како што продолжува пандемијата, гладот ​​е исто така растечки проблем.

Покрај тоа, ниско платените работници се изложени на ризик од заразување со вирусот на нивното работно место, вклучувајќи ги казината, постројките за обработка на месо и магацините.

Трошоците за замена на платите на овие работници нема да бидат ниски и најверојатно ќе значат дека даноците ќе мора да се зголемат, додека останат доволно ниски за да не се задуши бизнисот, велат економистите.

Глобализацијата и автоматизацијата го предизвикуваат производствениот сектор

Глобализацијата оди заедно со капитализмот. Го смени начинот на движење на парите и луѓето низ целиот свет.

Голем предизвик за политичарите е да се справат со начинот на кој тоа влијае на работниците.

Во денешниот капитализам, парите, во најголем дел, се сметаат за поважни од работниците – ако преместување на работни места или користење роботи заштедува пари, тоа е готово.

За работниците од погрешна страна на овие трендови, работите не се подобрија и ова ја влоши нееднаквоста, изјави претседателот на Федералните резерви на САД, Џером Пауел на почетокот на оваа година. Пандемијата даде јасен пример за тоа како роботите не се разболуваат, за разлика од луѓето.

Социјалната помош не значи само парична помош. Исто така, се протега и на образованието и здравственато заштита. Во свет каде машините сè повеќе ја превземаат работата на луѓето, образованието од следната генерација мора да осигура дека вештините се совпаѓаат со побарувачката.

Повеќе обврски од кога било

Капитализмот не е само начинот на кој една земја се однесува кон својот народ и работниците, туку и начинот на кој се однесува кон своите пари.

Ковид-19 доведе до поголеми државни трошоци од кога било порано, а буџетските дефицити растат низ целиот свет. Буџетската канцеларија на Конгресот предвидува дека дефицитот на федералниот буџет на САД ќе биде 3,3 трилиони долари на крајот на годината, или повеќе од трипати повеќе отколку во 2019-та година.

„Долгот е можеби една од најзабележителните одлики на денешниот капитализам“, вели Кристин Десан, професор по право на Универзитетот Харвард.

Во постпандемискиот свет, политичарите или ќе мора да прифатат да живеат со огромни долгови или да размислуваат за целосна промена во сегашниот систем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП