16 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMicrosoft разочара со резултатите

Microsoft разочара со резултатите

microsoft1

„Microsoft“ во второто тромесечје оствари многу полоши резултати од очекуваните.

Добивката на „Microsoft“ во второто тромесечје изнесувала 4,5 милијарди долари, но објави дека ќе изгуби околу 900 милиони долари поради лошата продажба на „Surface“ таблетот.

Поради падот на продажбата на персоналните компјутери, најдолг пад во последните пет години, „Microsoft“ не успеа да оствари добри резултати со новиот оперативен систем „Windows 8“. Поради лошата продажба, компанијата минатата недела ја намали цената на „Surface“ таблетот.

Аналитичарите ширум светот се сложуваат дека новиот „Windows 8“, па ни надоградбата 8.1, не можат да ја променат состојбата на подобро, а компанијата може да ја загрижува и фактот дека нејзиниот мобилен телефон „OS Windows Phone“ сеуште не може да се натпреварува со конкуренцијата во тој сегмент.

Сите се сложуваат дека најдобар потег на компанијата би било воведување на лиценциран модел, за кој компаниите полесно ќе им го плаќаат годишниот надоместок за користење на „Windows“ отколку да купуваат лиценци со неограничен рок на траење за секој нов компјутер, а најпрофитабилен оддел од „Redmond“ е оној кој произведува „Office“ пакети, со што стекнуваат предност пред „Google“ и „Apple“ кои многу малку инвестираа во производи кои би претставувале сериозна конкуренција на „Office“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП