3 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕБрза диета – за 7 дена ослободете се од 5-6 кг

Брза диета – за 7 дена ослободете се од 5-6 кг

Потребна ви е диета која за кратко време ќе ве ослободи од наталожениот вишок на килограми? Оваа брза диета трае седум дена и гарантира губиток на пет до шест килограми од вашата тежина, а режимот за исхрана е следниот…

Ден 1

Овошје богато со вода (сите овошја кои се богати со вода, на пример како лубеницата, цитрусите). Се јаде еден вид на овошје богато со вода (во оваа група не спаѓа бананата).

Ден 2

Се консумира исклучиво зеленчук, најдобро зелен лиснат зеленчук. Мешунките не се препорачливи. Можете да го јадете свеж, варен или конзервиран.

7-day-eating-plan

Ден 3

Се комбинираат овошје и зеленчук, а можете да додадете и лесна супа од зеленчук, која ќе ја подготвите така што избраниот зеленчук ќе го варите на максимален оган десет минути, а потоа ќе го намалите огнот додека зеленчукот не омекне. Додадете зачини по готвењето, но не претерувајте.

Ден 4

Банани (максимум три банани), млеко со минимален процент на масти и супа.

Ден 5

Супа, 200 гр печено или варено говедско месо и домати (максимум шест домати).

The-GM-Diet-Plan-How-To-Lose-Weight-In-Just-7-Days

Ден 6

Супа, 400 гр говедско месо и зеленчук по желба

Ден 7

Супа, интегрален ориз и зеленчук по желба

Како и кај повеќето диети забранет е алкохолот, соковите и млекото (освен за четвртиот ден), а задолжителни се што повеќе течности, барем два литри дневно (вода или незасладени чаеви).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП