Една година по лансирањето на ИутеКредит Мастеркард, компанијата бележи издавање на 10.000 картички на своите корисници.
Финансиското друштво ИутеКредит Македонија е првата небанкарска институција во Македонија и регионот која започна со издавање на кредитни картички од брендот Mastercard. Овој проект кој овоможува поголема безбедност, брзина и комфор при користење на услугите на ИутеКредит се покажа повеќе од успешен, а за тоа говори и бројката на издадени картички, односно 10.000 картички за нешто помалку од една година.
ИутеКредит Мастеркард е препознатлива по својот оригинален вертикален дизајн, а нејзин најголемa придобивка е фактот што овозможува корисниците да имаат пристап до својот кредит 24/7 каде и да се. Со ИутеКредит Мастеркард може да се купува онлајн, да се подигнат средства од било кој банкомат во земјава и странство, да се плаќа во продажни места кои овозможуваат плаќање со Мастеркард, како и да се плаќаат сметки и останати режиски трошоци.
Корисниците на картичката во време на пандемијата со Ковид 19 се апсолутно безбедни и не мора да го напуштат домот за да стигнат до својата Мастеркард картичка, бидејќи ИутеКредит организираше бесплатна достава за новите корисници каде и да се. Ова е особено важно за повозрасните лица, пензионерите и хронично болните, но и за секој кој сака своите финансии да ги регулира онлајн.