3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИIntel оствари приход од 12.8 милијарди долари

Intel оствари приход од 12.8 милијарди долари

 

7951400332_e5fc032e70_z-e1374144300643

Компанијата „Intel“ ја објави информацијта за приходот остварен во вториот квартал од оваа година. Станува збор за приход од 12.8 милијарди долари, како и добивка од 2.7 милијарди долари и заработка по акција од 0.39 долари.

Тие имаат генерирано околу 4.7 милијарди долари во готовина од деловниот потфат, платиле дивиденда во износ од 1.1 милијарди долари и искористиле 550 милиони долари за откуп на 23 милиони обични акции, стои во соопштението на „Intel“.

„Во текот на вториот квартал ги исполнивме нашите очекувања и најавивме неколку клучни производи. Очекуваме и натаму добри резултати на пазарот со различни компјутерски производи. Процесорите „Intel Atom“ и „Core“, како и унапредената „SOC“ интеграција ќе бидат иднината на „Intel““, вели извршниот директор на компанијата Брајан Крзаниќ.

 

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП