27 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНе се среќните лото броеви, но ќе ви донесат здравје и среќа

Не се среќните лото броеви, но ќе ви донесат здравје и среќа

Забрзаното темпо на живеење и постојаното брзање никако не му одговараат на нашиот организам. Еве неколку броеви кои мора да ги знаете за да бидете здрави и посреќни во животот…

25

Дваесет и пет грама шеќер е дозволениот број на грамови за внес на оваа намирница. Можеби вам не ви делува многу, но тоа се всушност шест мали лажички шеќер. Сепак проблемот е кај другите производи кои содржат големо количество на шеќер, од кои особенa предност имаат газираните пијалоци со дури 40 грама по лименка.

4

Ова е бројот на месеци колку што би требало да ја користите истата четкичка за заби. Се повеќе од оваа бројка е нехигиенски и ја намалува самата делотворност на четкичката, односно моќта на чистење.

150

Овој број се однесува на минутите кои би требало да ги минете во вeжбање, односно некоја физичка активност. Ако овој број ви изгледа голем, само сетете се колку трае еден просечен филм или колку часови во просек минувате во седечка или лежечка положба.

1

Според препораката на фондацијата за борба против рак на кожата, барем еднаш во месецот треба да ја прегледате вашата кожа и да проверите дали имате некоја невообичаена дамка или младеж.

35

Во овие години треба да започнете со редовни лекарски контроли. Барем еднаш годишно посетете го гинекологот, проверете ги градите и направете анализа на крвта, но исто така треба да започнете и со редовна контрола на нивото на хормоните на тироидната жлезда.

Можеби овие броеви нема да ви донесат добивка во игрите на среќа, но тие секако ќе ве направат поздрави, а со само тоа и многу посреќни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП