18 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Goldman Sachs“ ја намали својата квартална добивка за 85%, како резултат на...

„Goldman Sachs“ ја намали својата квартална добивка за 85%, како резултат на трошоците од „1MDB“

„Goldman Sachs“ ги зголеми своите резерви за уште 2,01 милијарди долари, откако постигна договор со малезиските власти во врска со истрагите за улогата на банката во шемата за земање средства со малезискиот суверен фонд „1MDB“.

Сепак, дополнителните резерви ја намалија претходно најавената добивка за вториот квартал за 85%, соопшти банката. „Goldman Sachs“ предупреди минатиот месец дека решавањето на проблемот со Куала Лумпур „значително ќе ги зголеми“ 945-те милиони долари што веќе ги издвои во текот на изминатиот квартал.

Дополнителниот износ го брише изненадувачкиот скок на добивката на доверителот предизвикан од активното тргување со акции. Сепак, мерката е чекор напред во казнување на најлошиот скандал за банката од финансиската криза. Паралелно, „Goldman Sachs“ е во преговори со Министерството за правда на САД во врска со „1MDB“ и може овој месец да се постигне договор.

Договорот со Малезија вклучува исплата од 2,5 милијарди долари, како и гаранции дека Куала Лумпур ќе добие најмалку уште 1,4 милијарди долари во средства од „1MDB“ конфискувани од разни власти ширум светот. Од „Goldman Sachs“ велат дека не постои „значителен ризик“ во обезбедувањето на гаранциите.

Аналитичарот Стивен Чубак од „Wolfe Research“ проценува дека банката досега издвоила повеќе од 3 милијарди долари за решавање на тужби. Со последната одредба, вкупната сума ќе достигне 5 милијарди долари.

Нето-добивката на „Goldman Sachs“ за вториот квартал падна на 373 милиони американски долари – најниска од 2017-та година. Акциите на банката паднаа за 0,6% при раното тргување во Њујорк. Тие избришаa 11% од својата вредност од почетокот на годинава до четвртокот.

Истрагата против банката се фокусира на нејзината работа да собере 6,5 милијарди долари во 2012-та и 2013-та година за фондот, од кои голем дел веќе биле земени од луѓе поврзани со поранешниот малезиски премиер.

Инвестициското банкарско одделение на „Goldman Sachs“, тогаш предводено од сегашниот извршен директор Дејвид Соломон, собра невообичаено високи 600 милиони долари од продажба на обврзници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП